Ин Мемориам: Почина археологот Јовица Станковски
13.01.2020 10:37
| KumanovoNews
По кратко боледување на 71 годишна возраст почина археологот Јовица Станковски, кој го пронајде локалитетот Кокино.
Станковски е роден на 13.01.1949 година во Куманово. Дипломирал на Машински факултет во Скопје во 1975 година, а во 1986 година дипломирал на Историја на уметност со археологија исто така во Скопје.
Станковски беше директор на Кумановскиот музеј, а еден мандат беше и советник во Советот на Општина Куманово.
Погребот ќе се изврши утре во 13 часот на Градските гробишта во Куманово.