×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Инфлацијата во 2023 година изнесувала 9,4 отсто

    10.01.2024 12:41 | Оливера Пешевска

    Трошоците за живот во 2023 година пораснале за 9,4 отсто, додека малопродажните цени имале покачување од 7 проценти, објави Државниот завод за статистика. 

    Инфлацијата во 2023 година изнесувала 9,4 отсто

    Во декември 2023 година цените бележат благ раст во однос на претходниот месец за 1%, а трошоците за живот имаат минимално покачување поради намалување главно на течните горива за домаќинства, како и поевтините свежо и разладено овошје и рибата и морските плодови.

    Пораст на индексите е забележан во сите групи: индустрископрехранбени производи, пијалаци, земјоделски производи, услуги и индустриско-непрехранбени производи и тутун.

    „Најголемо поскапување има кај мебелот, покуќнината и одржување на домаќинствата за 13,6 насто, ресторани и хотели за 12,7 проценти, храна и безалкохолни пијалаци за 11,7 отсто, разновидни стоки и услуги за 11,6 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 10,4 отсто, алкохолни пијалаци и тутун за 8 проценти, рекреација и култура за 6,7 отсто, здравје за 4,6 отсто, облека и обувки за 4,4 проценти, образование за 2,9 отсто, комуникации за 1,1 процент и транспорт за 0,5 отсто“,  стои меѓу другото во извештајот на ДЗС.

    Најголем пораст кај цените имало во 2022 година кога на крајот на декември,во однос на претходната 2021 година покачувањето на трошоци за живот изнесувало 14,2 %, а кај цените на мало 12,6 насто.