Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Миграции и азил беше темата на денешниот состанок на Локалниот совет за превенција. На состанокот се разговараше за причините и последиците од миграциите, но и за начините со кои тие можат да се спречат.
Полицијата ќе одржи состаноци со советодавните групи, а потоа ќе изработи и пропаганден материјал кој ќе го дистрибуира до населението.
"Освен што шансите за добивање економски азил во западно-европските држави се еднакви на нула, постои можност нашите граѓани да бидат вплетени во мрежа на трговија со луѓе и особено трговија со деца. Токму овие појави треба да им се објасни на жителите од овој регион"- вели началничката на Одделението за превенција, Виолета Богдановска.
Заменик народниот првобранител Насер Весели, рече дека досега не добил ниту една претставка од граѓаните кои бараа азил во западно-европските држави. Овие лица немале никаков контакт со домашните државни институции по однос на оваа прашање, бидејќи патуваат исклучиво на своја рака.
Центарот за ромска заедница ДРОМ ќе се вклучи во превенција од појава на миграции со дебатни емисии на локални медиуми, но и со пропаганден материјал до населението за да се постигнат поголеми резултати во спречување на оваа појава.
На денешниот состанок присуствуваа преставници од секторот за внатрешни работи, локална власт, заменик народен правобранител,основниот јавен обвинител, невладини организации, граѓани.