Мени

Инспекцијата решена да ги тргне тезгите во Средорек

17.10.2014 11:35 | KumanovoNews

 Инспекциските служби ќе ги запленуваат тезгите на продавачите на овошје и\n зеленчук пред влезот на населбата Средорек, откако по минатонеделната \nакција тие повторно се вратиле на истото место.

Инспекцијата решена да ги тргне тезгите во Средорек

Како непослушни граѓани ќе си ги сносат проследиците. Пазарната инспекција ќе ја собира стоката, а комуналната инспекција заедно со јавите претпријатија “Водовод“ и “Чистота и зеленило“ ќе им ги собираат тезгите. Тоа се две - три тезги, меѓутоа треба да се отстранат и треба да се почитува законот. Дефинитивно решение мора да се најде и секако стоиме на таа позиција - вели Вера Лазаревска, раководител на сектор за инспекциски надзор во општина Куманово.

Казните со кои можат да се соочат дивите продавачи се движат од 50 до 200 евра и одземање на стоката која ја продаваат.

Инспекциските служби од почетокот на месецот ги расчистиа нелегално поставените тезги кај Зелениот пазар и кај спортската сала. Тоа наиде на позитивни критики кај граѓаните кои сметаат дека овој пат треба да се оптои на одлуката заради почист и поуреден град.