×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Интензивно се работи на санација на Искрин мост

    05.12.2020 10:23 | KumanovoNews

     Повеќе од 6 месеци интензивно се работи на санација и реконструкција на мостот на реката Пчиња или т.н. Искрин мост, на регионалниот пат Куманово - Свети Николе.

    Интензивно се работи на санација на Искрин мост

    Градежните работи започнаа во јуни годинава, а ќе траат до јуни 2022 година.

    Граѓаните кои секојдневно патуваат по овој пат, се жалат дека реконструкцијата се одвива бавно, а на мостот е изгребан асфалтот и тешко се движат по него. Од Јавното претпријатие за државни патишта тврдат дека санацијата тече побрзо од предвидената динамика. Во моментот се работи на зајакнување на два средни столбови.

    „Како што знаете мостот има осум средни столбови и два крајни. Досега комплетно се санирани три средни столба, а на  два во моментов се врши санација. Исто така, паралелно се работи на зајакнување на двата главни челични носачи со предвидените санациони работи според проектната документација. Во оваа прилика би сакале да потенцираме дека работата се одвива побрзо од нашата предвидена динамика“, велат од претпријатието за Кумановоњус.

    Тие додаваат дека санацијата на мостот е сложен процес и условно речено „видливите“ работи доаѓаат на крај. Мостот ќе се асфалтира откако ќе биде поставена хидроизолација, па дури тогаш ќе биде подготвен за интерен технички прием и пуштање во употреба.

    Рокот за завршување на целата интервенција е 24 месеци од воведот во работа, односно до јуни 2022 година, но надлежните се надеваат дека таа ќе заврши предвреме, со што ќе се овозможи безбеден премин по мостот на учесниците во сообраќајот на овој патен правец.

    За реконструкцијата на овој мост, кој се смета за еден од најдолгите во државата со должина од 335 метри, Јавното претпријатие за државни патишта има одделено 117.462.949,00 денари или околу 2 милиони евра.

    Мостот е изграден пред 50 години и оттогаш не е поправан ниту реконструиран, па поради тоа се ноѓаше во очајна состојба.

    (Ф.М.)