×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Интернистот Фазлији ја изгуби битката со коронавирус

    13.11.2020 12:02 | KumanovoNews

     Специјалистот по интерна медицина д-р Шукри Фазлији (49) од Куманово, починал на Инфективната клиника во Скопје, од последици на ковид-19.

    Интернистот Фазлији ја изгуби битката со коронавирус

    Д-р Шукри е вработен на Интерното одделение во Општата болница Куманово.

    Информацијата ја потврди директорката Снежана Захариева, која вели дека многу ги потресе веста за смртта на колегата и жалат за губитокот на уште еден професионалец во колективот.

    - За жал денеска бевме известени дека уште еден наш колега ја изгуби битката со коронавирусот. Тој пред десетина дена почувствувал симптоми кои наликуваа на настинка, но подоцна се видело дека се класични симптоми на корона. Тој одлучил околу една недела да прима терапија и да се лекувал дома и покрај нашето инсистирање на дојде на Инфективното одделение. Во понеделникот беше донесен во тешка состојба и веднаш беше префлен на Инфективна клиника во Скопје. Пред два дена се слушнавме и ми рече дека се чувствува подобро, се надевав дека ќе ја извојува оваа битка, но состојбата му се искомплицирала и очигледно дека болеста земала замав. Тој имаше и одредени коморбитети кои во комбинација со вирусот биле фатални по неговото здравје,- изјави директорката Захариева, која упати сочувство до неговото семејството.

    Таа апелира до граѓаните сериозно да ја сфатат опасноста од коронавирусот, да користат лична заштитна опрема, да се води грижа за здравјето воопшта, а посебно да се бара здравствена помош при првите симптоми, бидејќи вирусот не бира возрас и пол, туку подедеднакво ги напаѓа сите.

    Ова е втор случај на починат лекар во Кумановската болница од последици на коронавирусот. Пред еден месец почина хирургот  Драган Тасевски.

    (Фото: Фејсбук)