Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Седумдесет годишниот Бранко Златановски од населбата Проевце, вчера наутро излегол од неговиот дома и повеќе не се вратил. Семејството апелира до граѓаните доколку го виделе или имаат некаква информација каде се наоѓа да пријават во Кумановската полиција.
„Околу 10 часот излегол од дома со велосипед и се упатил кон градот. Облечен е во темно плава тренерка и плава јакна, на главата носел капче. Доколку некој го видел во текот на денот, или знае каде се наоѓа нека пријави во полиција или на телефонските броеви: 077/ 947 - 383 и 078/ 569 - 841. Секоја информација е добредојдена “, вели член на семејството, кој се јави во нашата редакција.
Од семејството додаваат дека Бранко секое утро ден излегувал од дома на околу половина час да прошета, но вчера се задржал подолго од вообичаеното по што домашните почнале да го бараат. Го пријавиле случајот во полиција, која синоќа го пребарувала теренот низ населбата Проевце. Во потрагата во повеќе групи се организирале и членови на семејството.