Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бранко Златановски (71) од населбата Проевце, кој вчера беше пријавен за исчезнат, денеска е пронајден жив во кумановската населба Средорек.
Според информации од семејството, откако вчера заталкал Бранко ноќта ја поминал во селото Колитско, а утринава се вратил во градот. Граѓани се јавиле дека го виделе и на кејот на реката Кумановка, па семејството се сконцентрирало да го бара во тој дел на градот.
Тој бил со нарушена здравствена состојба и бил пренесен во Општа болница Куманово за понатамошно лекување.
Од семејството се заблагодаруваат на сите граѓани кои се јавиле или на друг начин придонеле за побрзо пронаоѓање на човекот.
Бранко вчера околу 10 часот излегол од дома со велосипед и се упатил кон градот. Откако не се вратил во вообичаеното време, неговото исчезнување било пријавено во полиција и започнала потрагата.
МВР денеска соопшти дека вчера во 23.30 часот во СВР Куманово, Д.З.(46) од Куманово пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.З.(71) и дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.