×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Исчезнуваат ли оригиналните народни носии?

    27.07.2012 07:28 | KumanovoNews

     Во кумановско скоро и да нема жени кои изработуваат оригинални народни носии.

    Исчезнуваат ли оригиналните народни носии?

     Во последниве 15 години и за културно уметничките друштва проблем е да се набават комплети од традиционалната носија. Старите ткајани носии се изработувани од волна и со тек на време се уништуваат.

    Имаме носии за полн состав да се облече. Чуваме 20 женски, 15 машки комплети и плус поседуваме 10 комплети од други региони. Оваа облека ја користиме веќе 44 години при изведување на кумановски ора. Имаме носии од Источна, Западна Македонија, српска носија, женска галичка носија, од Повардарје, од Леринско. Нив векот им е при крај, а идентична носија не може да се направи. Има многу импровизации, но и тие се скапи. Порано сме правеле акции за купување, а од 2001 година друштвата немаат вработени, немаат пари и се е доброволно, се снаоѓаме сами - вели Мирослав Крстевски, претседател на КУД “Панче Пешев“.

    Етнолозите велат дека носиите се исфрлени од секојдневна употреба во 50-те години на минатиот век. Надица Петковиќ од Национална установа Музеј Куманово објаснува дека уметниците кои се занимаваат со вајарство, сликање, изработка на таписерии се инспирираат од народните везови посебно од шопско - пољанската носија.

    Не се ткае веќе, нема разбој. Од производство народните носии исчезнуваат. Галичката носија е традиционална и ја употребуваат за галичка свадба. Таа е специфична. Може да се прават само елементи, чорапи во модифицирана форма кои не се украсени со мотиви. Сегашните носии се прават од индустриски материјали. За да не стојат во селски кофчези, по пат на откуп сме ги собрале носиите и ги чуваме во депото на музејот - рече етнологот Валентина Илиевска.

    Музеј Куманово расплага со 1000 парчиња од народна носија, како што се чорапи, скутници, елеци. На настапите надвор од државата, странците се фасцинирани од вештината со која се направени нашите народни носии.

    Голема збирка на народни носии има и во етно-музејот во селото Режановце.