×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Исклучен „бај пасот„ - Куманово пак без вода

    28.06.2015 19:24 | KumanovoNews

    Поради намален дотур на вода до филтер станицата од вчера високите зони во градот останаа без вода.

    Исклучен „бај пасот„ - Куманово пак без вода

    Директорот на ЈП „Водовод„ Горан Стојковски  тврди дека Водостопанство Кумановско-Липковско поле не испорачува вода по т.н. „бај-пас„, по кој се обезбедуваат дополнителни количини на вода за градот во летниот период.

    Од минатиот петок целосно е исклучен дотурот на вода по „бај-пасот„, а ние во меѓувреме ги потрошивме сите резерви на вода. Од вчера високата зона е без вода, а  во одредени делови од централното градско подрачје има намален притисок. По главниот вод во моментот добиваме од 150-180 литри во секунда вода, а за редовно снабдување се потребни најмалку 230 литри во секунда - изјави Стојковски.

    Директорот вели дека се обиделе да разговараат со надлежните во Водостопанство, кои тврделе дека тие немаат врска со исклучување на алтернативниот цевковод.

     Вечерва се обидовме да го исконтактираме телефонски и директорот на Водостопанство Филип Филиповски, за да ја слушнеме другата страна од приказната, но безуспешно.

    Ова не е првпат Куманово да се соочува со проблеми во водоснабдувањето поради кавги во двете водоснабдителни претпријатија во градот. Граѓаните се гневни и бараат што побрзо решавање на проблемот.