×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ископувања на локалитетот Градиште

    18.08.2015 08:28 | KumanovoNews

    Стручните екипи од Музеј Куманово, под координација на Управата за заштита на културното наследство, работат на ископувањата на локалитетот Градиште во близина на селото Младо Нагоричане.

    Ископувања на локалитетот Градиште

    На повеќеслојното наоѓалиште се откриени делови од градби, меѓу кои особено се значајни остатоците од градбата кои најверојатно припаѓале на луксузна резиденција или палата, која датира од 3 до 4 век пред нашата ера, и чии ѕидови биле премачкани со боен малтер. Пронајдени се и богата декоративна камена пластика и капител од јонски столбови.

    Поради значајните наоди, археолозите претпоставуваат дека се работи за палата на локален пајонски владетел. Според некои истражувачи, населбата најверојатно страдала во налетот на келтските племиња во 280/279 година пред нашата ера, по што била обновена.

    Ископувањата се поддржани од Министерството за култура.