Исплатени јануарските пензии
04.01.2013 16:08
| KumanovoNews
Пензионерите денeска ги добија јануарските пензии.

Како што информираат од министерството за финансии, пензиите се исплатени во целост во износ од три милијарди и 91 милион денари на 279.197 пензионери, кои примаат старосна, семејна или инвалидска пензија.
Социјалната помош е исплатена во текот на вчерашниот ден и тоа на 34.008 корисници на социјална парична помош и 26.540 корисници на туѓа нега.