×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Исплатени се платите за вработените во градинката „Ангел Шајче“

    24.07.2024 14:09 | KumanovoNews

    Вработените во Градинка „Ангел Шајче“ ја земаа платата за месец јуни и одлуката за протест е ставена вон сила.  Од синдикатот изразуваат задоволство од резултатите кои ги дадоа здруженото дејствување.

    Исплатени се платите за вработените во градинката „Ангел Шајче“

    „Со интензивна работа и здружено синдикално дејствување го добивме она кое ни припаѓа, да бидеме вреднувани и платени за она што сме го одработале. Голема благодарност упатувам до претседателот на гранковиот синдикат Јаким Неделковски, правниците кои се заземаа за нас, но и колешките- членки кои здружено застанаа за своите права“, истакна Цветанка Митевска, регионална претседателка на СОНК.

    Останува сомнеж дека за два работни дена во јули истата ситуација би можела да се повтори и наредниот месец. Но, се надеваат дека искуството од претходните денови ќе има влијание и на случувањата во иднина.

    Законскиот рок за исплата на платите е 15 во месецот, но поради административна грешка на релација Општина Куманово и Министерство за финансии, поради нови вработувања личните доходи не беа навремено исплатени.

    Вкупно 232 вработени во Градинка „Ангел Шајче“ не добија плата до денеска, што беше причина за предупредувачки протести првин пред централната градинка на улицата „Моша Пијаде“ и зградата на Општина Куманово.