Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основните и средни училишта во државата до 10 мај можат да аплицираат на конкурсот на Министерството за образование за избор на “Најбезбедно и најчисто училиште“.
Училиштата кои ќе конкурираат треба да спроведуваат еко програми и да имаат учествувано на најмалку три проекти или работилници кои опфаќаат некоја од следниве области: здрава и еколошка средина, безбедост, ненасилство, разрешување на конфликти и слични содржини. Овие училишта треба да имаат уредна зграда, функционален двор согласно потребите на животната средина, безбедност во лабаратории, кабинети каде се оддржува пракса и слично.
За најдобрите основни и средни училишта наградите ќе бидат доделени во последната недела од месец мај.