×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Избрани фирмите што ќе вршат јавен превоз во Куманово, тече жалбениот рок

    20.01.2022 14:01 | Сузана Николиќ

    Завршена е постапката за избор на фирми кои ќе го вршат јавниот градски превоз во Куманово. Од 26 линии изберени се превозници за 19 линии, а за останатите ќе се распише повторен оглас.

    Избрани фирмите што ќе вршат јавен превоз во Куманово, тече жалбениот рок

    Како што соопшти Лидија Ланг Спасовска, решенијата на превозниците им се поделени на 18 јануари, а жалбената постапка ќе трае до 26 јануари. По завршување на рокот, доколку нема жалби веднаш ќе започне функционирањето на градскиот превозот,  но доколку има приговор за одредени линии или за целата постапка, за што ќе мора да одлучуваат повисоките инстанци, разврската може да трае со месеци.

    „При одлучувањето, комисијата се водеше од фактот граѓаните да добијат посовремен, поеколошки и пофреквентен јавен превоз, за задоволување на нивните потреби. Така да сега граѓаните ќе се возат во еколошки возила со минимум еко 4 стандард автобуси, со утврден возен ред, кој ќе биде јавно објавен на сите автобуски стојалишта“, кажа Ланг Спасовска.  

     За 7 линии за кои немало заинтересирани, главно селските средини кои не се атрактивни и профитабилни, или не се изберени превозници затоа што не ги исполниле условите, ќе се распише нов оглас.

    Во наредните пет години превозот во Куманово ќе го вршат поединечни превозници, наместо како порано групни, бидејќи беше сменет концептот за доделување на линиите за да се подобри квалитетот на превозот, а заради тоа и задоцни распишување на тендерот и постапката за избор на нови превозници.

    Граѓаните од нова година останаа без градски превоз, поради што мораа сами да се снаоѓаат за да отидат на работа или да дојдат во градот. Тоа предизвика голем револт кај нив и побараа одговорност од локалната власт.