Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Н.К.(24) од Куманово под дејство на дрога, ја истепал неговата баба М.Ј.(81).
Насилството се случило завчера, околу 14,00 часот во Куманово во семјната куќа на бабата и внукот на ул. „Солунска“. Н.К. издрогиран, без повод и причина почнал да ги крши дрвените скали, а потоа со нож и ја исекол блузата на неговата баба и физички ја нападнал, нанесувајќи и телесна повреда. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против насилникот за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“.