Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советот на општина Куманово на денешната седница го изгласа првиот ребаланс на буџетот за оваа година. Буџетот се надополнува за близу 55 милиони денари од кои дел е пренесен вишок на приходите од 2009 година, а дел вклучени такси од Законот за јавна чистота кои се јавуваат и на приходната и на расходната страна.
38,5 милиони се вметнуваат на основната ставка од буџетот. Најголем дел од овие средства 12 милиони се наменети за одржување на пречистителната станица на ЈП "Водовод", 10.5 милиони се одвојуваат за одржување на цветно - зелените површини на ЈП "Чистота И Зеленило" и 5,5 милиони за реконструкција на улици. Јавното претпријатие "Куманово-Гас", ќе добие 3,5 милиони денари,а ЈП "Паркинг", 15 милион за основачки влог.
"Дел од средствата ќе одат и за набавка на нафта и дрва за основните училишта"- вели Ирена Илиевска од Секторот за финансии и буџет.
Средствата од наменските дотации ќе се распределат за капитални инвестиции како што се набавка на возило за градинката "Ангел Шајче" и за реконструкција на еден од шесте објекти на детската установа. Пари ќе добие И Домот за стари лица "Зафир Сајто" за реконструкција на просториите.