×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изгласан законот за нефер трговски практики, ќе ги спречи ли нереaлните поскапувања

    13.03.2024 18:19 | Оливера Пешевска

    Законот за забрана на нефер трговски практики, со кој се очекува намалување на цените на прехранбените производи, е изгласан на денешната собраниска седница.

    Изгласан законот за нефер трговски практики, ќе ги спречи ли нереaлните поскапувања

    Со ова се очекува да се влијае на цените на земјоделските и прехрамбените производи и зголемување на квалитетот на производи што се нудат на пазарот.

    Законското решение определува и колку процентуално може да изнесува максималниот рабат кој маркетите може да го бараат од производителите и добавувачите, кои сега надминуваат над 30-40 отсто од цената.

    „Предвидена е листа на земјоделски и прехранбени производи каде рабатот ќе биде ограничен на 10 отсто и во склоп на тоа ќе конкурираат меѓу себе синџирите на супермаркети што ќе влијае во намалување на цените“ соопштуваат од Министерството за економија, предлагач на законот.

    Според ресорното министерство, законот треба да донесе позитивни ефекти во работењето на добавувачите, купувачите и сите други оператори во различните фази на производство, преработка, маркетинг, дистрибуција и малопродажба на земјоделски и прехранбени производи и соодветна примена на забраните на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.

    „Законот се очекува да ги елиминира неоправданиот и непропорционалниот трансфер на економски ризик од еден трговски партнер на друг или да се наметне значителна нерамнотежа на правата и обврските на еден трговски партнер кон друг. Надоместоците кои сега се наплаќаат во договорниот однос меѓу купувач и добавувач, кои сериозно влијаат на малопродажната цена на штета на потрошувачите, ќе се сметаат за забранета нефер трговска практика“, стои во известувањето на Министерството за економија.

    За непочитување на одредбите од законот за забрана на нефер трговски практики засега во предлог - решението се предвидени глоби до 20.000 евра.