Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Собранието ги усвои измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои што линеарно ќе се зголемат пензиите за 5.000 денари.
Со усвоените измени, ќе има линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари на 1 септември годинава и на 1 март следната година со цел, како што велат од Министерството за социјална политика, демографија и млади, обезбедување пораст на животниот стандард и подобар и поквалитетен живот за пензионерите.
За понатаму останува досегашната методологија за усогласување на пензиите со трошоците на живот двапати годишно (март и септември). Усогласувањето се прави според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоци на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатена плата на сите вработени во државата во однос на полугодието кое му претходи.