Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На улица „Баглачка“ во Крива Паланка вчера околу 17 часот настанал пожар во патничко моторно возило „форд фокус“ со кривопаланечки регистарски ознаки, сопственост на М.С.(56) од Крива Паланка.
„Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а повредени лица нема. Екипа од ОВР Крива Паланка извршила увид на место на настанот“, соопшти МВР.