Изгоре електрична табла во куќа
08.07.2014 09:16
| KumanovoNews
Во пожар вчера изгоре електрична спратна табла во куќа на улицата Доне Божинов бр. 101.

Пожарот избувнал по 14 часот и ја зафатил инсталацијата на таблата. Но поради присебност на сопственикот, кој го прекинал доводот на електрична енергија, пожарот не се проширил на куќата. Интервенирала противпожарната единица од Куманово, која го изгаснала огнот. Причините за пожарот и матерјалната штета допрва ќе се утврдуваат.