Изгоре кат од куќа во Пелинце
02.06.2015 09:45
| KumanovoNews
Во пожар вчера попладне изгоре покривот и вториот кат од семејна куќа во селото Пелинце.

Во гаснење на пожарот учествуваше Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане со два пожарникари и едно возило, и Територијална противпожарна единица Куманово со три пожарникари и едно возило. Пожарот е пријавен во 17.15 часот и е локализиран за еден час.
Причините за појава на пожарот и причинетата материјална штета допрва ќе се утврдуваат.