Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изгоре кров на семјна куќа во липковското село Слупчане. Пожарот избувнал вчера напладне, а локализиран е по 4,5 часа борба со огнената стихија.
Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово велат дека интервенирале две возила и 6 пожарникари.
„Имаше една интервенција во с.Слупчане на запалена семејна куќа. Целосно изгоре кровната конструкција. Пожарот траеше во периодот од 12,20 до 16,55 часот. Причина за пожарот и материјална штета се непознати“, соопштува ТППЕ.