Изгоре куќа и плевни во Довезенце
03.09.2011 14:32
| KumanovoNews
Во голем пожар вчера изгорела една куќа и две плевни во селото Довезенце, една плевна во селото Пелинце, а биле зафатени 10 хектари ниско стебласти растенија во селото Драгоманце.

Пожарите избувнале во попладневните часови, а интервенирале противпожарните единици на Куманово и Старо Нагоричане. По неколку часовна борба со огнената стихија пожарите се ставени под контрола.