×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изгоре куќа, мајка и син останаа на улица

    16.01.2013 14:50 | KumanovoNews

     Мајка и син останаа без кров над глава, откако денеска во голем пожар изгоре нивната куќичка во населбата „Перо Чичо„.

    Изгоре куќа, мајка и син останаа на улица

    Пожарот избувнал во 9.30 часот, во помошната просторија, а се проширил на единствената соба во која живејат Милунка и Виктор Михајловски. Огнената стихија ја пеплоса кровната конструкција, а изгоре и сиромашната покуќнина што со години ја создавале.

    Мајка ми отишла да земе дрва во шупата и видела дека гори. Почна да бара помош и ме разбуди од спиење. Веднаш притрчав да гаснеме, ама огнот го зафати кровот. Најверојатно е предизвикан од старата електрична инсталација, бидејќи во шупата имаше една сијалица. Изгоре се што имаме, а од водата е уништено и тоа што остана.- раскажува потресено Виктор.

    Противпожарната единица од Куманово интервенираше со две возила и 4 пожарникари во гаснење на пожарот.

    Кај нас пожарот беше пријавен во 10.14 минути. Ние веднаш излеговме на терен и го локализиравме. Предизвикана е голема матерјална штета, кровната конструкција е целосно уништена, а причината допрва ќе се утврдува- вели Мире Арсовски, командир во ППЕ.

    Семејството и опожарената куќа веднаш по несреќата ги посети градоначалникот на Куманово Зорана Дамјановски.

    Уште денеска, семејството ќе го сместиме во ученичкиот дом „професор Мијалковиќ„, додека се поправи нивната куќа. Исто така Советот на општината ќе одвои финасиски сретства. Бидејќи куќата целосно е уништена, апелирам до сите хумани луѓе и приватни претпријатија, кои можат да донираат градежен матерјал и парични сретства, сите заедно да помогнеме на ова несреќно семејство-изјави Дамјановски.

    Мајката и синот живејат од социјална помош од 1500 денари, и немаат роднини во градот, бидејќи Милунка е српски државјанин. Таа нема пари да ги среди личните документи во Македонија, поради што останала без пензијата што ја следува. Тие апелираат до сите хумани луѓе да им помогнат да ја преживеат зимата.

    Контакт телефон за помош на семејството: 077 692 022