Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Планинарскиот дом во селото Малотино и околу 15 објекти, главно куќи, плевни и помошни простории, изгореа во големиот пожат што веќе втор ден беснее на планината Козјак, на македонско-српската граница.
Силниот ветер постојано го разгорува огнот, кој веќе се проширил и на територијата на соседна Србија, а се спушта и кон селото Пелинце.
Најавената помош за воздушно гаснење на пожарот од страна на Дирекцијата за заштита и спадување, до пладневните часови не стигна, а со огнената стихија се борат противпожарните единици на Куманово и Старо Нагоричане и месното население. Градоначалникот Миодраг Јовановиќ уште еднаш побара помош од државата, бидејќи тие самите не можат да го стават пожарот под контрола, поради непристапниот терен.