Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во голем пожар ноќеска изгоре училишната зграда во селото Винце. Пожарот избувнал околу 18 часот, а пожарникарите се бореле со огнената стихија до полноќ.
„Територијалната противпожарна единица Куманово, синоќа во 18 часот интервенираше со 1 возило и 4 пожарникари на запалено старо училиште која не е во функција 40 години во с. Винце. Во 20.40 часот на терен е испратено уште 1 возило. Пожарот целосно локализиран изгаснат во 00,45 часот“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).