×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изгореа два помошни објекти во Кривопаланечко, околу 20.000 евра материјална штета

    16.04.2022 11:30 | Жаклина Цветковска

    Огромна материјална штета, од околу 20,000 евра, е причинета при пожар на два помошни објекти во селото Конопница, Кривопаланечко, кој се случил вчера околу 13 часот.

    Изгореа два помошни објекти во Кривопаланечко, околу 20.000 евра материјална штета

    Покрај помошните објекти, во пожарот целосно изгорела и сета опрема и стока која била складрана внатре.

    Сопственикот бил трговец и земјоделец, кој во помошните објекти ја чувал стоката за продажба и машините за обработка на нивите, па така целосно се уништени култуватор, мотори за дрва, казан за ракија, машинска и дрвена граѓа, 400 кг грав, текстил, керамика и други производи.

    Од пламените јазици било зафатено и патничко возило, кое исто така целосно е уништено.

    Благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Крива Паланка, која учествувала во гаснењето на пожарот со 9 пожарникори, било спасено нанесување на поголема штета на семејната куќа, која се наоѓа во близина.

    „Во семејната куќа се наоѓала болната и тешко подвижна мајка на сопственикот, но за среќа соседите навреме ја извлекле. Од пожарот е зафатен само крвот и прозорците“, вели командирот на ТППЕ Крива Паланка, Иле Коцески.

    Причината за пожарот не е утврдена , а увидна екипа работи на терен.