×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изгореа зебрите на кумановските улици

    13.06.2024 10:43 | Оливера Пешевска

    Не помина ни една недела, а зебрите на кумановските улици и булевари „изгореа“ на силното сонце. 

    Изгореа зебрите на кумановските улици

    Обележаната хоризонталната сигнализација ни овој пат не издржа многу, голем дел од линиите веќе се потемнети  и истрошени на речиси сите улици во градот.

    „Да постои, јас ќе купам заштитен фактор, да не изгори зебрата. Вака додека ги исфарбаа – исчезнаа. Кога повторно ќе ги видам ќе се сликам, може да го третираме како феномен, туризам да равиваме“, се шегува спортист- рекреативец.

    Работници хоризонтално обележување на сообраќајниците работеа во вечерните часови, па не се знае која е причината што бојата трае толку кратко.

    Дали се работи за неквалитетна или валкана подлога, боја со слаба покривност, дали е нанесена премала количина останува непознато. До заклучување на текстот не добивме одговор од Општина Куманово, кои ветија дека ќе ги ангажираат комуналните служби за да проверат.
     
    Договор за хоризонтално обележување на улиците во Куманово е потпишан со „Виа Сигнал ДООЕЛ“ од Скопје, на 31 август, минатата година, со важност од 12 месеци. Вредност на договорот е близу 2 милиони денари, или околу 33 илјади евра.