×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изгореа 20 хектари борова шума во Стрезовце

    26.03.2022 08:28 | Сузана Николиќ

    Во голем шумски пожар вчера изгореле околу 20 хекрати борова шума во кумановското село Стрезовце. Пожарот избувнал околу 13 часот, а целосно е изгаснат утринава околу 7 часот.

    Изгореа 20 хектари борова шума во Стрезовце

    Покрај противпожарните екипи на Старо Нагоричане, во гаснење на пожарот помагале и пожарникарите од Куманово и вработените во Шумско стопанство.  

    „Интервенирано е во периодот од 13.40 до 16.30 часот со 2 противпожарни возила и 5 пожарникари, и двајца вработени во Шумско стопанство. Пожарот е локализиран во 16.30 часот. Повторно се разгорел во 01.15 часот и интервенирано е до 06.45  кога пожарот е целосно ликвидиран, соопштуваат од Противпожарната единица во Старо Нагоричане.

     Од ТППЕ Куманово соопштуваат дека во гаснење на шумскиот пожар учествувале во периодот од 13:50 до 18:25 часот во с. Стрезовце на запалена борова шума со два возило и 6 пожарникари.

    (Фото: архива и Фејсбук)