×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изградбата на кружните текови го блокира сообраќајот во градот, возачите лути

    31.05.2022 10:47 | Сузана Николиќ

    Изградбата на кружниот тек на раскрсниците на улиците „Трета МУБ“, „Гоце Делчев“ и „Бајрам Шабани“, го блокира сообраќајот на овие фреквентни улици.

    Изградбата на кружните текови го блокира сообраќајот во градот, возачите лути

    Граѓаните се жалат дека застој има во текот на целиот ден, а особено е критично во попладневните часови кога се враќаат од работа.  

    „Таму е општ хаос. Гледам да заобиколам кога можам. Но, понекогаш е невозможно. Кога се враќаме од работа со автобус мора да поминеме на таа релација. Ни требаат и 40 минути да стигнеме од зелениот пазар до раскрсницата. Се надевам дека нема да биде така и кога ќе завршат работите“, вели наш сограѓанин. 

    Граѓаните реагираат зошто во исто време започна изградбата на двата кружни тека, особено сега кога почнува периодот на  годишни одмори и ќе се зголеми присуството на печалбари во градот. Исто така имаат забелешки и на динамиката на градењето, па посочуваат дека со денови нема или само се вртка по некој работник на градилиштата.

    Изградбата на третиот кружен тек во градот започна на почетокот на мај, а предвидено е да завршат до средината на летото.  Ќе чини 15 милиони денари или 250 илјади евра.

    Во моментот се работи на проширување на улицата „Гоце Делчев“ за уште една лента, поради што се стесни дел од тороарот пред зградите. Во тој дел ќе се изгради нова подземна инфраструктура, како атмосферска канализација и улично осветлување.

    Во исто време се гради и кружен тек на крстосницата на улиците „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, кај „Митев Мост“, таму вредноста на инвестицијата е 580 илјади евра.

    Градежните работи ги изведува фирмата Кооп-инжинеринг од Куманово.

    (Фото.Фејсбук)