×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изградбата на смарт паркот ќе чини 180 илјади евра, парите ги обезбеди Министерството за локална самоуправа

    24.03.2022 12:00 | Сузана Николиќ

     Од минатата недела интензивно се работи на проектот „Изградба на смарт парк - Градски парк Куманово“, кој го имплементира Центарот за развој на Североисточниот плански регион. Вредноста на целата инвестиција е од 11,2 милиони денари, а парите ги обезбеди Биротот за регионален развој и Министерството за локална самоуправа од програмата за рамномерен регионален развој за 2021/2022 година.

    Изградбата на смарт паркот ќе чини 180 илјади евра, парите ги обезбеди Министерството за локална самоуправа

    Покрај реконструкција на постоечките патеки ќе се изградат и нови спортски и рекреативни содржини, а ќе се постави урбана опрема единствена во градот. 

    „Проектот е изработен од ЈП „Куманово план“ и содржи реконструкција на веќе постоечките патеки, изградба на ново кошаркарско игралиште, парк за миленици, изградба на нови пешачки патеки, како и изградба на паркинг простор. Во рамки на проектот кој е смарт, предвидено е поставување на соларни канделабри, паметни кантичи коишто ќе имаат сензори кои ќе јавуваат кога се преполни, за да може ЈП „Чистота и зеленило“ навреме да ги исчисти, а предвидено е и поставување на смрт клупи, преку коишто посетителите ќе можат да користат интернет конекција“, вели координаторот на проектот Владимир Павловски од Центарот за развој на Североисточниот плански регион.        

    Со проектот е предвидено градежните работи да завршат до крајот на септември, но се очекува дека тоа ќе се случи многу порано. 
     
    Краен корисник на смарт-паркот е Општина Куманово, која ќе мора да обезбеди физичко обезбедување на паркот, доколку сака да ги сочува новите содржини од вандали.

    Градежните работи во паркот ги извршува фирмата Кооп Инжинеринг од Куманово. 

    Градскиот парк зад Автобуската станица во Куманово или т.н. „Стар парк“  е најстaра и најголема уредена зелена површина во градот, изградена во 30-години на минатиот век.

    Се простира на површина од 38 илјади квадратни метри, со голем број на листопадни дрвја, пред се јасен, тополи, липа и диви костени. Паркот со години е запуштен и граѓаните бараа од локланата власт да се реконстуира и уреди, бидејќи во Куманово недостасуваат зелени површини и уредени места за рекреација и прошетки на граѓаните.