Излезе новиот број на Пензионерски информатор
17.01.2014 12:24
| KumanovoNews
Излезе од печат 26 - от број на пензионерскиот информатор на македонски и албански јазик.

Имаме 450 примероци на македонски и 150 на албански јазик. Во информаторот правиме пресек на изминативе 6 месеци. Информаторот сами го пишуваме, уредуваме и финансираме. Списанијата излегуваат 2 пати годишно и бесплатно ги делиме на членството - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
Кумановските пензионери се едни од ретките во земјава кои издаваат списание за своите активности.