Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во среда во 12 часот ќе биде промовирана монографијата “Антика во североисточна Македонија“ од авторот Звонимир Николовски.
Книгата ќе ја промовираат Виктор Лилчиќ од Управата за заштита на културно наследство и Марина Ончевска - Тодоровска. Се работи за книга која е докторска дисертација на Николовски одбранета во 2008 година на катедра за археологија на Филозофски факултет во Белград.
Оваа публикација претставува плод на повеќегодишните истражувања на Николовски за време додека работеше како кустос археолог во музејот во Куманово и претставува успешен обид да ги сублимира неговите истражувања во североисточниот дел на Македонија кој од археолошки аспект верувајте дека е малку истражуван. Книгата воедно претставува и пионерски зафат за материјалната и духовната култура, утврдувањата, патните комуникации, како и рударството и металургијата кои се основен стопански сегмент на антиката во овој дел на Македонија - вели Анита Цветановска, директор на Музеј Куманово.
„Антика во североисточна Македонија“ ја издаде Музеј Куманово со финансиска поддршка од Министерството за култура. Таа ќе им користи на идните истражувачи и љубители на археологијата.