Изложба “70 години слободно Куманово“
10.11.2014 11:23
| KumanovoNews
Во Уметничката галерија утре во 13 часот ќе биде отворена изложбата “70 години слободно Куманово“.

Автор на изложбата е кустос историчар, Јасмина Глигоровска од Музеј Куманово. Изложбата се состои од фото постери со кои ќе се прикаже развојот на Куманово во период од 1944 до 2014 година. Ќе бидат презентирани стопанските, културни, образовни објекти, градоначалници на Куманово и друго. Изложбата ќе ја отвори градоначалникот, Зоран Дамјановски.