Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката галерија во Куманово утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата “Денови на македонската фотографија 2015“.
Фото кино клуб Козјак од Куманово е организатор на 53- то издание на “Денови на македонска фотографија 2015“, во рамки на која ќе бидат изложени 112 фотографии од 46 автори. Фото Кино Клуб Козјак се закити со прва награда за колекција на Милош Нешковски и диплома за поединечна фотографија на Дејан Ангеловски. Во сениорска конкуренција наградени се уште и Дејан Гилески, Ивона Кочов, Зоран Андонов, Коста Дупчинов и Татјана Ранташа за колекција фотографии и Коста Дупчинов, Раде Луковиќ, Ивона Кочов, Дејан Колески и Кирил Штрков за поединечна фотографија. Наградата “Благоја Дрнков” беше доделена на Рилинд Хоџа.
Во младинска категорија со награди се закитија Ханис Багашев, Филип Кузмановски и Ана Андонова.
Стручното жири го сочинуваа : Др. Цветан Гавровски(МФФСМ, ЛОФИАП), Душан Доцевски(КМФ ФСМ), Владимир Арсовски, (КМФ ФСМ) и Зоран Петровски (Кустос советник, Музеј на современа уметност Скопје).
Изложбата ќе трае до 9 октомври.