×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба „El Verdugado“ на модниот креатор Давид Стојановски во Центарот за култура во Куманово

    26.10.2023 08:28 | Сузана Николиќ

    Во фоајето на Центарот за култура во Куманово утре во 19.30 часот ќе се одржи изложбата „El Verdugado“ на модниот креатор м-р Давид Стојановски. Станува збор за модна инсталација која ја претставува историјата на костимот. 

    Изложба „El Verdugado“ на модниот креатор Давид Стојановски во Центарот за култура во Куманово

    „El Verdugado“ под формата на концептуален изложбен приказ го инкорпорира уметничкиот, авторски израз под секоја форма на артистизам. Обединувајќи ја скулптуралната, фотографската, сликарската, текстилната и архитектонска умешност,  „El Verdugado“ претставува катарксистичко отсликување на круцијалното костимографско поимање низ трансформиран образ на епохални секвенци од костимографскиот дискурс. 

    Проникнувајќи во облеката на античкиот хабитат, разминувајќи се низ парадигмите на уметничката периодизација, па до денес, изложбата битува низ манипулативниот пристап применет врз правилата и нормите, предимензионирани, трансформирани или интерпретирани до естетска, гротескна, парадоксална или кохезивна форма.  

    Тематски определената реалност во реалноста насловена како „El Verdugado“ се стреми низ процес на изолација, костимографската презентнос да ја извлече надвор од конвенционалноста на нормативниот приказ во кој егзистира, доближувајќи ја до публиката во извод на начин нестандарден за истата.

    Како и самиот наслов кој во себе го крие името на дел од женскиот костим на ренесансата во Шпанија, изложбата пристапува кон историјата на костимот и костимографскиот презенс, длабоко разгледувајќи ги најексцентричните елементи на костимот, ретроспективно презентирајќи ги под разнообразни форми на модерен, уметнички израз“, стои во најавата на изложбата.