×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на цртежи од Детски ликовен камп “АСНОМ 2014“

    19.06.2014 13:16 | KumanovoNews

    Во комплексот “Етно село“ денеска беа изложени цртежи изработени во рамки на Детски ликовен камп “АСНОМ 2014“ кој се оддржа изминативе неколку дена.

    Изложба на цртежи од Детски ликовен камп “АСНОМ 2014“

    Изработени се 50 цртежи во различни техники од дваесетина учесници од основните училишта во градот, корисници на “Порака наша“ и гости од Скопје.

      - Бевме 4 дена овдека и првиот ден сликавме со акрил на платно, а вториот ден работевме графика монотипија на стакло. Третиот ден со глина правевме релјефна скулптура. Мене ова ми е трето учество на кампот и убаво си поминав - кажа Александар Спасиќ, ученик од “Вук Караџиќ“.

    На учесниците градоначалникот Зоран Дамјановски им додели благодарници и потенцираше дека Куманово е град со традиција во ликовната уметност.

      - По културата Куманово е препознатлив град. Направивме многу колонии, многу литературни читања, се она што го презентира културното творештво на овој регион и на град Куманово. Да ги поздравам директорите, наставниците, родителите кои дошле да им дадат поддршка на децата да учествуваат на вакви манифестации. Да ги поздравам претставниците на “Порака наша“ и сите добронамерници кои ја поддржуваат културата во Куманово. Куманово ќе остане со своите заложби и покрај сите потешкотии кои се надвиснати над градот - изјави Дамјановски.

    Делата од 4 - от по ред Детски ликовен камп ќе бидат изложени за јавноста, а потоа дел ќе бидат донирани за Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост “Порака наша“.

       - Традицијата продолжува, опстојуваме и се трудиме од година во година да има се поквалитетна понуда. Сликите кои што се изработени се од децата од сите основни училишта во град Куманово. Претходно настапи и Градскиот детски хор, формиран во декември минатата година исто од основните училиште од град Куманово кој брои преку 50 деца. Сега се во еден камерен состав за да направиме една мултикултурна содржина со музика и ликовна уметност, тоа оди заедно - вели Нино Величковски од Фондација за спорт и култура.

    Детскиот ликовен камп го организира Фондација за спорт и култура при општина Куманово под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово.