Мени

Изложба на фотографии „На Ѓурѓовден“ на Марјан Јаневски - Шалајко

06.05.2026 10:28 | Сузана Николиќ

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 20 часот ќе се одржи изложба на фотографи – дијапозитиви „На Ѓурѓовден“  на авторот Марјан Јаневски - Шалајко. 

Изложба на фотографии „На Ѓурѓовден“ на Марјан Јаневски - Шалајко

Изложбата ќе биде проекција на 40-тина фотографии изработени во периодот од 1996 до 2000 година во населбата Средорек, по повод празникот Ѓурѓовден.

„Ова е уникатна можност да се видат фотографии на дијапозитив во боја, каде што креативноста завршува со самото фотографирање. На овие фотографии нема доработка, ова е врвна техника која се прави на лице место, но воедно и врвно познавање на авторот да го фати моментот. Она што радува е тоа што младите покажуваат интерес за враќање на старата техника изработка на фотографија со фото  филм, наместо со дигитален апарат или со мобилен телефон. Со оваа изложба сакам да дадам свој допринос во афирмација на оваа техника“, вели Јаневски.

Тој додава дека фотографиите ќе бидат прикажани на аналоген проектор, што исто така е ретка можност да се види во други прилики, бидејќи со развојот на техниката таа исчезнува.