×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на фотографии на Стефан Анчевски и Марија Трпеска во Велес

    19.10.2023 09:35 | Сузана Николиќ

    Во Ликовниот салон – Народен Музеј Велес утре во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на фотографии „Матијас (беш)е тука“ на уметниците Стефан Анчевски и Марија Трпеска.

    Изложба на фотографии на Стефан Анчевски и Марија Трпеска во Велес

    "„Матијас (беш)е тука“ е изложба којашто на своевиден начин документира дел од животот на Матијас Александар Божинов, трагично починат во времето на своите академски години.  Двајцата автори низ серија фотографии го рефлектираат интимното доживување на времето и местата на битисување со нивниот драг пријател и колега. Донесуваат аспекти од нивните животи во една кохезивна целина, одухотворена со последното дело на Матијас што претставува скулптура направена непосредно пред неговата смрт. Притоа, во тој динамичен мизансцен, скулптурата симболично ја третира токму таа „невидлива“ и сè уште нераскинлива врска помеѓу Матијас и неговите пријатели, кои впрочем биле сведоци на создавањето на неговото последно дело", стои во соопштението за изложбата. 

    Стефан Анчевски (30) од Куманово  е визуелен и мултимедијален уметник. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Анчевски реализира 7 самостојни изложби и учествува на повеќе од 80 групни изложби и прикажувања во земјава и странство. Член на ДЛУБ и ДЛУМ. Во 2014 и 2023 година добитник е на прва награда „TrashForArt“.

    Марија Трпеска (34) од Скопје дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Трпеска реализира четири самостојни и повеќе групни изложби во земјава и странство. Во 2017 е добитник на наградата „Четирите Мајстори на модернизмот“.