×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на фотографии на жени спортистки во пресрет на Летните олимписки игри во Париз

    30.05.2024 07:13 | Оливера Пешевска

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вчера беше отворена изложбата „Жените и спортот“, на која се прикажани врвни македонски спортистки, во пресрет на Летните олимписки и параолимписки игри во Париз, Франција.

    Изложба на фотографии на жени спортистки во пресрет на Летните олимписки игри во Париз

    Автор на фотографиите е Маја Аргакијева, а на нив се жени, кои преку својата упорност и дисиплина постигнале исклучителни спортски достигнувања и служат како пример за другите жани. На фотографиите се:  Ана Цветановска, нордиско скијање, Анамарија Георгиевска, таеквондо, Арбреша Реџепи, џудо, Дрита Исљами Бафтири, атлетика 400 метри со пречки, Ива Пројковска, фудбалски судија од меѓународен ранг, Катерина Николоска,  џудо, Милијана Рељиќ, таеквондо, Наташа Мешковска, пливање 200 метри пеперутка и Пулексенија Јованоска − карате.

    Организатори на изложбата се Амбасадата на Франција, Европската куќа Крива Паланка и Општина Куманово, а се работи за патувачка изложба која веќе била во Скопје, Велес, Битола и Крива Паланка.

    Директен повод за изложбата се претстојните Летни олимписки и параолимписки игри „Париз 2024“, на кои ќе настапат ист број на спортистки и спортисти, и ќе бидат првите рамноправни игри во историјата.

    „Искрено верувам дека спортистките прикажани овде на фотографиите го исполнуваат олимпиското мото и не охрабруваат да ги следиме нивните примери“, истакна Ирен Кетоф, аташе за соработка во Амбасадата на Франција и идеен автор на ова иницијатива. 

    Гостите и присутните ги поздрави Горан Митевски, раководител на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции.

    На изложбата присуствуваа професори и ученици од Гимназијата „Гоце Делчев“ и Музичкото училиште „Панче Пешев“, кои одржаа и пригодна културно-уметничка приредба.