Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центрот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, ќе биде отворена изложбата на Љупчо Илиевски со наслов “Кокино-мистичен шепот низ вечноста“.
Изложбата содржи 26 фотографии и е дел од поголемата збирка од 50 фотографии, која досега е промовирана во повеќе земји.
Авторот е роден во Прилеп, а со фотографија се занимава од 1980 година. Тој има долгогодишно професионално искуство и учество на многу домашни и странски изложби. Со свои фотографии учествува и во проектот “Македонија вечна“.