×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на фотографии “Помеѓу“

    25.12.2013 08:46 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии “Помеѓу“ на авторот Гунтис Швинтинш од Латвија.

    Изложба на фотографии “Помеѓу“

    Изложбата се состои од 50-тина уметнички фотографии и се реализира во соработка со ФКК “Козјак“. Историчарот на уметностa и графичкиот уметник Гунтис Швитинш е роден во 1954 година во Јелгава, Латвија. Завршил средно училиште за применета уметност во Рига на одделот Уметност на стакло ( 1971-1973 ). Дипломирал во 1983 година на Народниот Универзитетот за култура, на Факултетот за дизајн при Полиграфскиот Централен клуб во Рига со својата дипломска работа под наслов " Уметнички дизајн на" РАФ "Фабрика Галерија". Во 2003 година дипломирал на Ликовната академија на Латвија - историја на уметност и теоретски оддел. Почнал да објавува од 1984 година  публикации во Латвија и меѓународниот печат, организирал изложби на скулптури и декоративна уметност, креирал визуелен концепт и дизајн за девет виртуелни изложби за Државните Архиви на Латвија итн.

    Омилени техники му се пастел, туш и компјутерска графика. Креира апстрактни композиции и таму често употребува симболи и знаци од културата и историјата. Имал самостојни изложби од 1977 година, а учествувал и во групни изложби во Летонија, Естонија, Литванија, Ерменија, Шпанија и Колумбија.

    Темите застапени на неговите фотографии се природата, необичните моменти и сцени од секојдневниот живот.