×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на фотографиии за Ансамблот „Македонија“ од Дени Синадиновски

    06.04.2022 22:13 | Сузана Николиќ

    Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, денеска во 13 часот ќе биде отворена изложба на фотографии -  „Низ објективот на Дени“ од авторот Дени Синадиновски.

    Изложба на фотографиии за Ансамблот „Македонија“ од Дени Синадиновски

    Изложбата претставува симбиоза на два уметнички сегменти, чија што приказна започнува во 2012 година. Имено во споменатата година се формира Ансамблот „Македонија“, кој е репрезент на македонската традиционална култура. Уште од самото формирање Дени Синадиновски, етнокореолог, е дел од Ансамблот Македонија. 

    Фотографиите во оваа изложба се класифицирани во неколку категории. Прикажани се фотографии од првата концерта турнеа во Јапонија, 2013 година, како и концертни фотографии од годините кои следеа. Објективот на Синадиновски ја забележува и богатата соработка на Ансамблот Македонија со Бигорскиот манастир. Изложбата ги прикажува и бројните телевизиски гостувања на Асамблот Македонија како и неколку засебни фотосесии на традиционални носии.
    Изложбата ќе биде поставена до 20 април.