×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на карикатури “Снаа-свекрва“ во Куманово

    22.04.2015 08:27 | KumanovoNews

     Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, ќе биде отворена изложбата со карикатури на тема “Снаа- свекрва“.

    Изложба на карикатури “Снаа-свекрва“ во Куманово

    Се работи за меѓународниот конкурс “Невестинско поклонение“,  а на изложбата ќе бидат претставени 50-те најуспешни трудови. Меѓународниот конкурс за карикатура „Невестинско Поклонение“ е придружна манифестација на Културната манифестација „Невестинско Поклонение на Св. Теодор Тирон“ што традиционално се одржува во чест на празникот Тодорова сабота/недела  во селото Конопница, Крива Паланка. Идеен творец на манифестацијата „Невестинско Поклонение” и автор и координатор на меѓународниот конкурс за карикатура е графичкиот дизајнер, хералдички уметник и фотограф Стојанче Величковски од село Конопница.

    Покровител на културната манифестацијата е Општина Крива Паланка. Манифестацијата е возобновена врз основа на народниот обичај кој се реализира на тој начин што сите млади невести, кои што ќе склучат брак помеѓу две тодорови саботи, доаѓале заедно со своите свекрви, на невестинското поклонение за да добијат благослов од свештенослужителите за род, пород, слога и среќа во семејството.