Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утре вечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата на минијатури на академскиот сликар Момчило Аврамовски.
Изложбата на минијатури е мал пресек на севкупно творештво на Аврамовски, бидејќи ја изразува неговата основна сликарска мисла и техничка супериорност. Делата се работени во туш, масло, линорез, комбинирани техники, што говори за широк дијапазон на интерес на авторот во изведбена но и во концепциска смисла.
Академскиот сликар Аврамовски, многупати се претставувал со свои дела во родниот град. Зад себе има пет децении активна работа, а ја проучувал и уметноста на познати ликовни имиња како Рембрант, Дали, Пикасо, Модилјани, Тулуз-Лотрек и други.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до крајот на мај, а потоа ќе биде презентирана во повеќе галериски центри во државата.
Проектот е подржан од Министерството за култура на Репулика Македонија.