×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на традиционална и дигитална графика "Млади уметници" во Куманово

    23.09.2022 08:41 | Сузана Николиќ

    Во Изложбениот салон на Центарот за култура "Трајко Прокопиев" – Куманово, вечерва /петок/ во 19.30 часот ќе биде отворена изложба на традиционална и дигитална графика "Млади уметници". 

    Изложба на традиционална и дигитална графика "Млади уметници" во Куманово

    Се работи за една збирка од триесетина дела изработени од 8 дипломирани уметници на ФЛУ-Скопје. Осумте дипломирани уметници на Факултетот за ликовни уметности во Скопје се претставуваат за првпат со нивната заедничка изложба надвор од рамките на факултетските изложби, со своите дела од дипломскиот труд.

    Симона Најдова, родена во Неготино, 1998 година. Дипломиран графичар/графички дизајнер. Учество на конкурс за постер ,,Dante700’’, изложбите на ФЛУ (2017- 221).

    Рамона Арсовска, родена во Куманово, 1998 година. Дипломиран графичар/графички дизајнер. Учество на државна изложба на ликовни творби „Народна култура како трајна инспирација во моето творештво“, изложбите на ФЛУ (2017 - 2021).

    Милица Величковиќ, родена во Куманово, 1998 година. Дипломиран графичар/графички дизајнер. Учество на конкурс за постер „Здраво Млади 11“ (2021), „Dante700“ (2021), изложба „Вдиши уметност“ (2022), изложбите на ФЛУ (2017 - 2021).

    Марко Марковиќ, роден во Скопје, 1999 година. Дипломиран графичар/графички дизајнер. Се занимава со дигитална уметност, сито печат, сликарство. Учествувал на изложбите на ФЛУ (2017 - 2021).

    Југослава Василеска, родена Скопје, 1981 година. Дипломиран графичар/конзервратор - реставратор, дипломиран професор по одделенска настава на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје. Добитник на наградата за најдобра графика од Агенцијата за млади и спорт, добитник на наградата „Драгутин Аврамовски – Гуте” (2020), учесник на изложбите на ФЛУ (2017 - 2021).

    Јована Митевска, родена во Куманово, 1998 година. Дипломирана на педагошки смер, модул графика. Активно работи на рачна изработка на портрети со техника молив, како и со апстрактно сликарство. Има учествувано на изложбите на ФЛУ (2017 - 2021).

    Ферати Џејлан, родена во Скопје, 1998 година. Студент е на Факултетот за ликовни уметности Скопје, оддел графика. Има учество на „Draudacum Shafm“ (2015), како и на изложбите на ФЛУ (2017 - 2022).

    Дарко Петковски, роден во Куманово, 1997 година. Дипломиран графичар/графички дизајнер. Се занимава и работи графички дизајн. Има учествувано на изложбите на ФЛУ (2017 - 2021).

    Изложбата ќе биде поставена до 27. септември.