Изложба на Момчило Аврамовски во Кочани
08.06.2015 08:44
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Бели мугри“ во Кочани утре во 12 часот, ќе биде отворена изложба на графики на академскиот сликар Момчило Аврамовски.

Се работи за триесеттина графики работени во техниката линорез и комбинирана техника, насловени како “Чудесен свет“. Координатор на изложбата е Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“ од Куманово. Момчило Аврамовски припаѓа на постарата генерација на македонските академски уметници, коишто сé уште се активни, со потврден творечки континуитет.