×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на слики на Марија Величковска во Куманово

    09.12.2021 10:36 | Сузана Николиќ

    Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Распетие на светлината“ од авторката Марија Величковска.

    Изложба на слики на Марија Величковска во Куманово

    Изложбата содржи 26 слики коишто се работени во изминатите три години и претставува нејзин трет тематски циклус на самостојно презентирање на најновата сликарска продукција. Проектот е финансиски подржан од Министерството за култура на Македонија.

    Марија Величковска е родена 1974 година во Скопје. Средно уметничко училиште завршила во Скопје, отсек Применето сликарство.

    Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Родољуб Анастасов, со насока – „Дипломиран сликар со модно креирање“.

    Имала голем број на изложби во земјава и странство.

    „По двете реализирани изложби во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово на академската сликарка Марија Величковска („Имагинации“ во 2011 година и „Импресии“ во 2016), повторно имаме можност за кратка анализа и запознавање на најновата продукција на сликарските остварувања на оваа авторка работени во периодот од последните три години (2019-21), со наслов „Распетие на светлината“. Меѓу другото во образложението на проектот, Марија ќе запише дека сликите од „Распетие на светлината“ ги работи под влијание на тешката атмосфера од ковид и постковид состојбите, па оттука разбирлив е и ликовниот ракопис и вокабулар во којшто доминира потрага за нова реалност, конструирана на сосема нови постулати и принципи. Можеби надежта и оптимизмот ќе ја врати легендата за жар-птицата којашто е тема на некои слики од овој циклус, легенда којашто е инспирација, по зборовите на Марија Величковска, за целата нејзина најнова поставка“, вели Роберт Цветковски, историчар на уметноста. 

    Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 22.12.2021.