Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 13 часот ќе биде отворена изложба на слики од Лесновската ликовна колонија. Изложбата содржи триесеттина слики на 15 уметници, кои во јуни и јули минатат година учествуваа на колонијата.
Оваа ликовна колонија е од меѓународен карактер, но поради пандемијата само еден учесник е од странство. Инаку учество зедоа уметниците: Валентина Илијевска, Васил Гаврилов,-Душан Коцев, Дарко Заревски, Димитар Димитров, Ѓоко Антониев, Киро Јосифов, Марјанчо Крстев, Новица Трајковски, Силвана Богатинова, Соња Р. Јовановски, Стефанија Ангеловска, Тони Чатлески, Филип Добривоевски сите од Македонија и Летив Намдаганхин од Монголија.
Лесновската меѓународна ликовна колонија постои 29 години, се организира од 1992 година од страна на Домот на културата „Злетовски рудар“ – Пробиштип, а во 2021 година доби финансиска поддршка и од Министерството за култура.
Во Куманово изложбата ќе биде поставена до 23 февруари.